Силен земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтер – еве каде е епицентарот

Земјотрес со јачина од 6,0 степени според Рихтеровата скала ја погоди јужната јапонска префектура Окинава, соопшти Јапонската национална метеоролошка управа.

Епицентарот се наоѓаше во близина на оддалечениот остров Јонагуни, а жариштето беше на длабочина од 10 километри.

Немаше извештаи за жртви или штети, а не беше издадено ниту предупредување за цунами.

Јапонија е меѓу земјите со најголем ризик од земјотреси во светот бидејќи се наоѓа во областа на Пацифичкиот огнен прстен, каде што се среќаваат неколку тектонски плочи.