Денеска низ земјава ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер, а во североисточните делови повремено ќе биде и засилен, претежно од северен правец.
Утринските температури ќе се движат од 3 до 14 степени, додека максималните дневни ќе достигнат меѓу 19 и 26 степени.
Во Скопје се очекува слично време – променлива облачност со сончеви периоди и слаб до умерен ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе изнесува околу 9 степени, а дневната ќе достигне до 25 степени.
Според прогнозата, во наредните денови под влијание на поле со висок воздушен притисок ќе преовладува релативно стабилно време со повеќе сончеви периоди. Утринските температури ќе останат пониски, додека дневните ќе бидат во рамките на просечните вредности за овој период од годината.
До недела ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а од почетокот на следната седмица се очекува постепена промена на правецот на ветерот кон јужен.

