Приврзаниците на Ливерпул се уште се прилагодуваат на новата ера по заминувањето на легендарниот Јирген Клоп, но изјавата на Енди Робертсон фрли сосема ново светло врз тоа колку работите се променети зад затворените врати на „Енфилд“.
Шкотскиот дефанзивец за емисијата „The Overlap“ детално ја објасни клучната разлика во филозофијата меѓу Јирген Клоп и новиот менаџер Арне Слот, откривајќи детали од тренинзите кои ги изненадија сите.
„Роботите“ на Слот и контролата на оптоварувањето
Ако Клоп се потпираше на емоција и инстинкт, Слот ги води работите со математичка прецизност.
„Арне Слот е фанатично опседнат со статистиката. Донесе свој човек кој постојано е со iPad во рака. Доколку направите дури и еден спринт повеќе од предвиденото на тренинг, Рубен веднаш се меша. Сите се целосно заврзани за статистиката за оптоварување на играчите“, открива Робертсон.
Филозофија на Клоп: „Ако го направиме ова, никој не ни може ништо!“
Според Робертсон, методологијата на германскиот стручњак била значително поинаква и повеќе фокусирана на сопствениот интензитет отколку на ривалот.
„Јирген Клоп секогаш велеше: ‘Ако го направиме ова, никој не може да ни парира!’ За него се беше во нашата игра и речиси воопшто не го гледавме противникот. Никогаш не го менувавме нашиот систем. Клоп се држеше до сопствениот план без разлика на се.“
Слот го менува пристапот за секој натпревар
За разлика од германскиот „тежок метал“ фудбал, Арне Слот воведува значително повеќе тактичка флексибилност и детални анализи пред секој дуел.
„Со Слот секогаш детално го анализираме противникот и гледаме како да ја изнесеме топката според нивната поставка. Неговото правило е: ‘Ако тие го направат ова… тогаш ние реагираме вака.’ Тој постојано се прилагодува на тактиката на противникот“, заклучи шкотскиот репрезентативец.

