ВИДЕО: Силно невреме беснее во регионот

Силно невреме проследено со обилни врнежи предизвика сериозни проблеми на Крит, каде што се поплавени повеќе подрачја, а две лица се повредени откако се урнал дел од мост додека со автомобил минувале преку него.

Брачниот пар се движел преку мост во Ливадија, планинско село на околу 40 километри југозападно од Ираклион, кога надојдените води оштетиле дел од конструкцијата. Двајцата биле пренесени во болница, а нивната здравствена состојба засега не е позната.

Невремето предизвикало и прекини во снабдувањето со електрична енергија, поради што без струја останале Зонијана, Ливадија и Анојеја.

Поради силните врнежи во планинската област Милопотамос, властите ги затвориле сите училишта и градинки во областа. Настава не се одржува ни во Ханија и Ретимно.

Градоначалникот на Милопотамос, Јоргос Кладос, побарал прогласување вонредна состојба во општината поради обилните врнежи, кои предизвикале сериозни проблеми, особено во планинските села.