Попладнево тешка несреќа – сообраќајот на овој патен правец е во прекин

Сообраќајна незгода во која учествувале две возила се случила попладнево на регионалниот пат Македонска Каменица – Делчево, во близина на селото Бигла.

Според првичните информации од терен, поради сообраќајната незгода, сообраќајот на овој патен правец во моментов е целосно во прекин.

Засега нема официјални информации за евентуално повредени лица, а повеќе детали за причините и околностите под кои се случила незгодата се очекуваат во текот на денот.

На возачите им се препорачува да бидат внимателни и да ги почитуваат насоките на надлежните служби на терен.