Почитувани,
Од вечерва времено сметот од Куманово ќе се депонира на депонијата Дрисла во Скопје.
Благодарност до колегите Ѓорѓиевски и Јанчев и премиерот Мицкоски за нивните заложби да помогнат во справување со проблемот за транспорт на сметот до оваа локација како и на менаџерскиот тим на Дрисла.
Продолжуваме интензивно со санација на депонијата Краста и надминување на проблемот.
Во мое лично име, и во име на менаџерскиот тим на ЈП „Чистота и зеленило“ – Куманово, се извинувам на моите сограѓани кои поради блокадата на нашата депонија се соочуваат со сериозен проблем кој ќе биде надминат во најбрз можен рок.
Благодарам

