Жестока расправија помеѓу Максим Димитриевски и жителите на блокадата

Тензична е состојбата на блокадата на пристапниот пат кон депонијата „Краста“ во Куманово, каде жителите и натаму не дозволуваат непречен пристап за депонирање на комуналниот отпад.

На местото пристигна и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кој влезе во расправија со присутните жители околу состојбата со депонијата и потребата да се овозможи пристап до неа.

Жителите не отстапуваат од своите барања и инсистираат на целосна санација и дислокација на депонијата, додека надлежните бараат патот да биде ослободен за да може да продолжи одлагањето на комуналниот отпад.

Во расправијата се вклучија повеќе присутни граѓани, кои директно му се обраќаа на Димитриевски и бараа трајно решение за проблемот.

Блокадата засега продолжува, а договор меѓу жителите и надлежните сè уште нема.