Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд.
Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со појава на грмежи и засилен ветер.
Утринските температури ќе се движат од 8 до 15°C, а највисоките дневни од 14 до 21°C
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.

