Момче од Македонија растури во Ѕвездите на Гранд (ВИДЕО)

20-годишен Македонец ги освои сите 7 гласови, па го споредија со една од најголемите фудбалски ѕвезди!

Македонските таленти продолжуваат да доминираат на сцената на „Ѕвездите на Гранд“. Со само 20 години, Антонио Нејков од Струмица успеа да ја крене публиката на нозе и да го воодушеви целото стручно жири, освојувајќи максимални сите седум гласови!

Неговиот совршен впечаток на сцената предизвика огромно воодушевување, а водителката Ана Севиќ веднаш истрча да го прегрне.

Покрај извонредните вокални способности, неговиот физички изглед привлече големо внимание во студиото. Мили се пошегува дека Антонио личи на минатогодишниот финалист Лисидијан од Куба, но водителот Милан Митровиќ и директорот на „Гранд“, Горан Шљивиќ, забележаа нешто уште поинтересно што не помина незабележано.

„Антонио е физичка копија на познатиот фудбалер на Барселона, Ламин Јамал!“, прокоментираа тие и го насмеаја целото студио.