ТРАГЕДИЈА: Сопругата на познатиот пејач загина во сообраќајна несреќа

Сања Чајиќ, сопругата на познатиот пејач и композитор Мирко Чајиќ, загинала во сообраќајна несреќа на обиколницата кај Орловача.

Тажната вест ги потресе семејството, пријателите и соработниците. Сања била не само животна сопатничка на Мирко, туку и негова важна соработничка во фирмата за заштита на авторските права на композиторите и пејачите.

Од неа се простуваат и преку социјалните мрежи, каде што беше објавена емотивна порака со поддршка за нејзиниот сопруг.

„Замина прерано, оставајќи зад себе тага, празнина и болка за која не постојат зборови на утеха“, се наведува во пораката.

На Мирко и на семејството им беше упатено искрено сочувство, со желби за сила во овие тешки моменти.