Шеесетгодишен жител на струмичкото село Костурино се здобил со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат Струмица – Валандово.
Според информациите од МВР, несреќата била пријавена на 18 октомври, околу 18 часот, на делницата од Костурино до местото викано „Чадорче“.
Во несреќата учествувале патничко возило „фиат пунто“, управувано од 60-годишниот Т.Џ. од Костурино, и автомобил „фолксваген“, управуван од 30-годишниот В.К. од Гевгелија.
Возачот на „фиат пунто“ се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Медицинскиот центар во Струмица.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Струмица.

