Возило излета од патот – две млади девојки итно пренесени во болница

МВР информира дека вчера утрината околу 08:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Индира Ганди“ во Скопје,

21-годишната М.Х. од Скопје, управувајќи патничко возило „фолксваген поло“, изгубила контрола и се превртела со возилото.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Х., додека со телесни повреди нејзината 19-годишна сопатничка Е.А. од Скопје, констатирани во Градска општа болница „8. Септември“ Скопје.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.