Припадници на српската Жандармерија со автобуси влегоа во зградите на Собранието на Србија и Стариот двор во Белград, додека во центарот на градот е засилено полициското присуство. Специјални полициски сили се распоредени и пред зградата на Републичката изборна комисија (РИК), објави порталот „Нова.рс“.
Во центарот на Белград биле забележани и возила за разбивање демонстрации, додека на автопатот била забележана колона полициски комбиња.
Засилените безбедносни мерки се спроведуваат на денот на одржувањето на вонредните парламентарни избори во Србија.
Право на глас имаат 6.451.292 гласачи, а гласањето се одвива на 8.392 избирачки места, отворени од 7 до 20 часот.
о текот на изборниот ден биле регистрирани повеќе инциденти.
Возилата што денеска се појавиле на улиците во Белград граѓаните првпат ги виделе за време на летните протести во Нови Сад во 2025 година, кога биле користени за потиснување на демонстрантите од булеварите и пошироките улици. Во нив тогаш се наоѓале припадници на Жандармеријата.
Во Пионирскиот парк повторно се поставуваат шатори и придружни инсталации, а паркот и натаму е ограден. На местото е присутна и полицијата, објави „Нова.рс“.

