Фудбалскиот свет вечерва сведочеше на едно од најголемите изненадувања во Лига купот. Флитвуд Таун го елиминира Арсенал, и тоа во натпревар кој долго ќе се памети.
Флитвуд, кој во моментов се наоѓа на 18. место во Лига 2, приреди сензација против големиот фаворит и обезбеди историски резултат за клубот.
Дополнителен удар за Арсенал беше директниот црвен картон за Макс Дауман во второто полувреме, што дополнително ја отежна ситуацијата за тимот.
Овој резултат дефинитивно е едно од најголемите изненадувања во досегашниот тек на сезоната.
За Флитвуд, пак, ова е историска победа и момент кој ќе остане запишан во клупската историја

