Важна информација за сите кои патуваат – вечерва трупа снег на овој патен правец (ВИДЕО)

Снежни врнежи вечерва се регистрирани и на планинскиот превој Стража, каде временските услови добиваат вистински зимски карактер.

Снег паѓа и во општина Центар Жупа, во западниот дел од земјата, каде видео од снежните врнежи објави метеорологот Славчо Попоски.

Снежните врнежи во овие делови од Македонија доаѓаат со заладувањето на времето, а возачите кои се движат низ планинските превои треба да бидат внимателни и да ја приспособат брзината на условите на патот.