Пожарникар од ТППЕ Македонска Каменица тешко повреден по напад од дива свиња
На 24.10.2026 година, во 11:45 часот, во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека во Итната медицинска помош бил донесен З.В. (37) од село Моштица, со тешки телесни повреди.
Според пријавеното, тој се здобил со повредите околу 11:00 часот, додека се движел на местото викано „Градиште“ во село Моштица, при што бил нападнат од дива свиња.
Повредениот е пожарникар во Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Македонска Каменица.
По пријавениот настан, увид извршила увидна екипа на ОВР Виница.
На пожарникарот му изразуваме искрени желби за побрзо закрепнување, успешно опоравување и што поскоро враќање во секојдневниот живот

