Земјотрес со јачина од 5,5 степени – еве каде е епицентарот

Земјотрес со јачина од 5,5 степени според Рихтеровата скала денеска е регистриран во близина на брегот на јапонскиот остров Хоншу, покажуваат податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Според објавените информации, епицентарот на потресот бил на околу 36 километри од градот Нарита, додека хипоцентарот се наоѓал на длабочина од 41 километар.

Засега нема информации за евентуални жртви, повредени лица или материјална штета, ниту пак е издадено предупредување за цунами.

Надлежните служби ја следат состојбата, а доколку има нови информации за последиците од земјотресот, тие дополнително ќе бидат соопштени.