УХМР објави мапа со предупредување за денешниот ден

Денеска низ државата нè очекува претежно облачно време проследено со повремени врнежи од дожд, кои на одредени места ќе бидат пообилни и ќе надминат 25 литри на квадратен метар.

Ваквата временска состојба ќе биде придружена со слаб до умерен ветер кој ќе дува од североисточен правец.

Што се однесува до температурите, тие ќе бидат во благ пад. Минималните утрински вредности ќе се движат во интервалот од 7 до 11 степени, додека максималната дневна температура ќе достигне од 11 до 15 степени Целзиусови.

МЕТЕОАЛАРМ за ден 01.11.2026: Врнежи од дожд.