Триесет и едногодишна жена од Куманово е пријавена за исчезната, информира Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од полицијата, случајот бил пријавен во СВР Куманово од страна на нејзиниот татко, кој навел дека неговата ќерка се оддалечила од семејниот дом.
„На 04.11.2026 во 20:00 часот во СВР Куманово, М. М. (54) од Куманово пријавил дека од домот се оддалечила неговата ќерка М. Џ. (31). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето“, соопштија од МВР.
Од полицијата информираат дека се преземаат сите неопходни мерки и активности за пронаоѓање на исчезнатата жена.

