Полицијата во акција – уапсени пет лица

Пет лица се лишени од слобода во рамки на полициската акција којашто се реализира во Куманово. Акцијата за сузбивање на организираната криминална група ја спроведува Одделот за сузбивање на организиран криминал и корупција при Бирото за јавна безбедност, во координација со јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Според истражните органи, група пет години дејствувала на подрачјето на Куманово. Тие се осомничени за повеќе кривични дела, меѓу кои изнуда, перење пари, несовесно работење во службата.

„Направени се претреси кај сите, при претресите се најдени поголема количина на пари, документација, која упатува дека лицата се занимавале со позајмици, давале пари на позајмици вршеле изнуди, врз основа на таа документација исто така предложено е да се прави претрес и во нотарски канцеларии во Куманово а исто така паралелно известена е и Народна банка бидејќи во менувачницата се најдени одредени финансиски средства кои е посочено дека потекнуваат од менувачница која е на брат на еден од осомничените лица, Народна банка врши таму контрола и ревизија“, истакна директорот на БЈБ, Александар Јанев.

Откриените превозни средства, целокупна документација, телефонски апарати и сите важни предмети, по налог на јавен обвинител на лицата ќе им бидат одземени. Кривичната пријава сè уште се изготвува.