Каква мајсторија! Арда Ѓулер постигна феноменален гол од слободен удар

Фудбалерот на турската репрезентација и на Реал Мадрид, Арда Ѓулер, постигна фантастичен гол од слободен удар на натпреварот од Лигата на нации против Белгија.

Ѓулер во 20. минута со левата нога погоди од повеќе од 20 метри. Топката имаше извонредна ротација и заврши во мрежата на Сене Ламенс. Голманот на Белгија, кој воедно е и чувар на мрежата на Манчестер Јунајтед, беше немоќен да го спречи овој мајсторски удар.

Голот на Ѓулер погледнете го ОВДЕ.

Сепак, до крајот на првото полувреме Белгија успеа да направи целосен пресврт. Кевин Де Брујне во 27. минута израмни на 1:1, по асистенција на Жереми Доку.

Само три минути подоцна Белгијците постигнаа уште еден гол и поведоа со 2:1. Стрелец беше Шарл Де Кетеларе, кој го постави конечниот резултат на натпреварот.

Сите голови од натпреварот погледнете ги ОВДЕ