Поради појава на силен ветер од југозападен правец на патниот правец А2 Гостивар-Стража-Кичево, кај клучка „Гостивар“ падна семафор и една канделабра кои од екипите на ЈП „Македонија пат“ се навремено отстранети од коловозот, информираат од Авто мото сојузот на Република Македонија (АМСМ).
Исто така на истиот патен правец на неколку места имаше паднато дрва на коловозот кои се навремено отстранети од нашите дежурни екипи.
– На патниот правец Скопје-Тетово пред Карпалак поради силниот ветер имаше паднато дрво кое од нашите дежурни екипи е отстрането од коловозот.
На регионалниот патен правец Р1206 Тетово-Скопје поради силниот ветер има паднати дрва на коловозот и дежурните екипи на ЈП „Македонија пат“ работат на нивно отстранување и нормализирање на сообраќајот.
Поради овие временски прилики на учесниците во сообраќајот им се препорачува внимателно возење, прилагодување на брзината спрема условите на патот како и почитување на поставената сообраќајна сигнализација, додаваат од АМСМ.

