Славчо Попоски најавува: Силно невреме ќе ја зафати Македонија

Под влијание на нов циклонски систем северно и северозападно од нас, поточно над Италија и над Јадранот, во Македонија денес (недела 22 ноември) во попладневните часови облачноста ќе се зголемува и во западните предели ќе започнат повремени врнежи од дожд кои пообилни ќе бидат во текот на ноќта кон утрешниот ден (понеделник 23 ноември) кога ќе бидат проследени и со појава на грмежи.

Повторно во погоре споменатиот период ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец кој ќе биде најсилен повторно во западните предели од Македонија и повремено и локално ќе достигнува брзина од над 70 км/час.

Во Скопје и околината во погоре споменатиот период облачноста ќе се зголеми и повремено ќе дува засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Ќе има услови и за слаб дожд.

Што се однесува до температурите, тие денес во Македонија ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 17 степени, а во Скопје и околината максималната температура ќе се искачи до околу 13 степени.

Метео анализа на Славчо Попоски