ВИДЕО Жестока физичка пресметка меѓу таксисти на скопскиот аеродром

На Меѓународниот аеродром во Скопје настанала физичка пресметка помеѓу таксисти поради несогласување околу редоследот за преземање на патниците, што довело до тепачка.

Физичка пресметка меѓу таксисти се случила пред Меѓународниот аеродром во Скопје, поради несогласување околу редоследот за преземање патници.

Според информациите, дошло до тепачка откако таксистите се скарале околу тоа кој е следен на ред за да преземе патници пред аеродромот.

На видеото се гледа како неколку лица се туркаат покрај паркираните такси-возила. Спорот околу редоследот за превоз на патници ескалирал во меѓусебна пресметка, наместо да се реши со договор.