Падна цената на нафтата

Европските берзански пазари денеска забележуваат благ раст по големата распродажба на акциите на компаниите од секторот за вештачка интелигенција минатата недела. Истовремено, цената на нафтата Брент се намали на 92 долара за барел, додека технолошките и рударските компании го предводат закрепнувањето на пазарите.

Според денешниот извештај на „Ројтерс“, паневропскиот индекс СТОКС 600 пораснал за околу 0,3 отсто, што укажува на можен пресврт по минатонеделниот пад од речиси шест отсто.

Раст е забележан и кај најголем дел од водечките европски берзански индекси. Германскиот ДАКС во 9:30 часот бил повисок за 0,44 отсто, францускиот КАК 40 пораснал за 0,42 отсто, а британскиот ФТСЕ 100 за 0,33 отсто.

Наспроти нив, италијанскиот индекс ФТСЕ МИБ забележал пад од 1,04 отсто, додека московскиот МОЕКС се намалил за 0,71 отсто.

Технолошките и рударските компании се меѓу главните двигатели на денешниот раст на европските пазари.