ТАЖНА ВЕСТ: Почина поранешен пратеник во Собранието на РМ и познат бизнисмен

Почина Ванчо Коцев, познат штипјанец, член на првиот парламентарен состав на Собранието на Република Македонија, спортски работник и бизнисмен.

Коцев беше личност која остави белег во општествениот, стопанскиот и спортскиот живот во Штип. Во текот на својот работен век бил ангажиран во повеќе компании, меѓу кои „Алумина“ и „Нова трговија“, а со својата дружељубивост и пријателски однос стекнал голем број пријатели и почит од сограѓаните.

Особено бил поврзан со спортот и спортските работници, а љубовта кон фудбалот ја делел и со своите браќа Стојан и Васил Коцев, кои беа познати фудбалери на ФК „Брегалница“.

Зад себе остава семејство, сопругата Николина, ќерката Сунчица, синот Кире, внуците, роднините и многубројните пријатели кои ќе го паметат по неговиот човечки однос, дружељубивоста и придонесот во заедницата.

Посмртните останки ќе бидат изложени во капелата во Штип на 23 ноември, од 12 до 13 часот, а погребот ќе се одржи во 13:30 часот на градските гробишта во Штип.

Нека почива во мир!

Тажната вест ја објавија од фб страницата Штипски асови.