Зимата полека го покажува своето лице на планините. На Попова Шапка денеска започнаа снежните врнежи, а со најавеното дополнително заладување во наредниот период, снежната граница ќе се спушта и на пониските места.
Информацијата ја објави метеорологот Славчо Попоски, кој посочува дека студениот бран ќе донесе уште поголемо заладување, со услови за проширување на снежните врнежи и кон пониските предели.
Снежната покривка веќе почна да се формира на Попова Шапка, а претстојното заладување најавува вистински зимски услови на планините.
Со оглед на промената на временските услови, се очекува температурите да бидат во пад, а љубителите на зимата и снегот конечно да ги дочекаат првите поизразени зимски денови.


