Дали сеуште не добивте поврат од МојДДВ? Еве кога треба да ги добиете средствата

Започна исплатата на повратот преку апликацијата „Мој ДДВ“ за вториот пресметковен период, кој ги опфаќа јули, авгус и септември.

Средствата веќе се префрлаат на трансакциските сметки на граѓаните кои редовно ги скенирале фискалните сметки.

Согласно законските рокови, целосната исплата треба да заврши најдоцна до крајот на ноември.

Граѓаните кои користат „Мој ДДВ“ можат да ги проверат своите трансакциски сметки за да видат дали повратот веќе им е исплатен.