Дваесет и едногодишник од Струмица е лишен од слобода по пријава дека извршил обљуба врз 12-годишна малолетничка.
Според информациите од МВР, на 23 ноември полициски службеници од СВР Струмица го привеле Ф.С. (21) од Струмица. Според пријавеното, настанот се случил истиот ден во градот.
За случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјална работа во Струмица.
Од МВР информираат дека по целосното документирање на настанот против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.

