На 24.11.2026 околу 18:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосницата од бул. „Александар Македонски“, ул. „16 Македонска бригада“ и ул. „Интернационални бригади“ во Скопје се
случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 29-годишник од с. Средно Коњаре, општина Петровец, и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 27-годишник од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Јавната здравствена установа „Свети Наум Охридски“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

