Снегот почна да прави проблеми – воведена забрана на овој патен правец

Фото: Архива

Воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патниот правец Гостивар – Кичево, преку планинскиот премин Стража, поради влошените услови на патот.

Од ЈП „Македонија пат“ информираат дека забраната стапила во сила денеска во 18 часот.

Забраната ќе важи до подобрување на состојбата на патот и нејзино официјално укинување од надлежните служби.

Возачите на тешки товарни возила се повикуваат да ја почитуваат забраната и да ги следат информациите за состојбата на патиштата.