Големото турско дерби меѓу Галатасарај и Фенербахче заврши со судир меѓу фудбалерите на теренот. По натпреварот, во кој Галатасарај победи со 2:1, избувна тепачка во која учествуваа домашниот напаѓач Керем Актуркоглу и унгарскиот репрезентативец Роланд Шалаи.
Видеото од головите погледнете го ТУКА.
Што се случи?
Двајцата фудбалери физички се пресметаа и во еден момент завршија на тревникот, по што се вмешаа и останатите играчи. Додека едни се обидуваа да ја смират ситуацијата, други се приклучија кон туркањето и расправијата.
Полицијата мораше да влезе на теренот, а дури по неколку минути успеа да ги раздели завојуваните страни. Засега не е познато што го предизвикало инцидентот.
Видеото од инцидентот погледнете го ТУКА.
Херој на натпреварот беше Виктор Осимен, кој со два гола во 29. и 44. минута му ја донесе победата на Галатасарај. Единствениот погодок за гостите го постигна Ирфан Џан Кахвеџи во 62. минута.
По девет одиграни кола, Галатасарај е лидер на табелата со 22 бода, додека Фенербахче се наоѓа на петтото место со 16 бодови.
💥 DERBİ SONUNDAKİ KAVGA ANLARI KAMERADA! Galatasaray-Fenerbahçe derbisinin ardından çıkan kavga ve polis ekiplerinin sahaya girdiği anlar… 👇🏻 https://t.co/LQrqVcFWXV
— vefa yürekli (@vefa_yurekli) October 26, 2026

