Тешка сообраќајна несреќа – има повредени

Вчера во СВР Велес било пријавено дека околу 23:40 часот на улица „Вардарска“ во Велес,

патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки управувано од Б.Т.(27) од Велес, излетало надвор од коловозот и удрило во дрво.

Како што се наведува во полицискиот билтен, во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот и неговиот сопатник Д.П.(27) од Велес, констатирани во Општа болница Велес.

Увид извршила увидна екипа од СВР Велес.