Тешка сообраќајна несреќа се случи рано утринава на патот Заечар – Књажевац, во близина на селото Вратарница (Србија), при што еден живот згасна, а три лица се здобија со тешки телесни повреди.
Загина 30-годишна жена од Велики Јасеновац.
Несреќата се случи на излезот од Вратарница, во правец кон Књажевац, кога патнички автомобил од марката „пежо“ излета од коловозот и се преврте од засега непознати причини.
Во возилото имаше и други лица, од кои тројца се здобија со тешки повреди.
Повредените се пренесени во Здравствениот центар во Заечар, каде што им е укажана медицинска помош.
Според информациите на српските медиуми, во несреќата учествуваше едно возило, а полицијата ги утврдува сите факти и околности под кои се случи трагедијата.
По налог на Основното јавно обвинителство во Заечар, извршен е увид, а истрагата треба да утврди што довело до излетувањето и превртувањето на автомобилот.

