Утрово тешка несреќа: Судир на „мерцедес“ и „цитроен“, делови од возилата расфрлани по коловозот

Сообраќајна несреќа утрово предизвика застој и го отежна движењето на возилата на булеварот „Борис Трајковски“, во скопската населба Усје.

Во несреќата учествувале две патнички возила, „мерцедес“ и „цитроен“, кои од засега непознати причини се судриле.

Силниот удар предизвикал оштетувања на автомобилите, а делови од нив завршиле расфрлани по коловозот.

Поради сообраќајката, возачите се соочуваат со отежнато движење на овој потег.

На местото на несреќата интервенира полицијата, а засега нема официјални информации дали во судирот има повредени лица.