Пристигна лоша вест: Почина фудбалерот кој доживеа страшна повреда на натпревар

Шпанскиот фудбал го потресе трагична вест. Напаѓачот на Тенерифе, Хесус де Мигел, почина откако не успеа да ги преживее тешките повреди здобиени за време на натпреварот против Андора.

Фудбалерот, кој е роден во Мадрид, доживеа сериозен инцидент во финишот на средбата, по судир со голманот на противничкиот тим, Хесус Овоно. Поради сериозноста на повредите, веднаш беше повикана брза помош, а Де Мигел итно беше пренесен во Универзитетската болница „Нуестра Сењора де Канделарија“.

Тој беше сместен на одделението за интензивна нега, каде што лекарите се бореа за неговиот живот, но повредите, за жал, беа фатални.

Драматичниот момент се случил во судиското продолжение од второто полувреме, при резултат 2:2. Де Мигел останал неподвижен на тревникот, по што фудбалерите на двата тима веднаш побарале медицинска интервенција.

Медицинските екипи неколку минути му укажувале помош на теренот, пред да биде изнесен со носилки. Судијата Перез Ернандез потоа ги известил капитените и тренерите дека натпреварот нема да продолжи, па средбата била прекината во 108. минута.

Веста за неговата смрт предизвика голема тага во шпанската фудбалска јавност. Од различни страни пристигнуваат пораки на сочувство и поддршка за семејството, соиграчите и сите кои го познаваа младиот фудбалер.