Тешка сообраќајка – има повредени

 Ноќеска, во 01:45 часот во ОВР Струга е пријавено дека на регионален пат во струшкото село Велешта, патничко возило марка „Фиат“ со струшки регистарски ознаки, управувано од страна на 21-годишно лице од селото Велешта, удрило во бандера и излетало од патот.

– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на возилото, констатирани во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид.

Извршен бил увид од Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга и увидна екипа од ОВР Струга, информираат од МВР.