Најмалку осум лица загинаа, а 30 се повредени во судир меѓу патнички автобус и камион што се случил рано утринава во провинцијата Хајбер-Пахтунхва, во северозападниот дел на Пакистан, соопштија спасувачките служби.
Несреќата се случила во близина на клучката Хавелијан, во областа Аботабад.
Автобусот сообраќал од северниот град Гилгит кон Равалпинди, во источниот дел на земјата, кога се судрил со камионот, пренесува агенцијата Синхуа.
На местото на несреќата биле испратени седум амбулантни возила и едно возило на спасувачките служби, со цел повредените да бидат евакуирани и да им биде укажана потребната помош.

