Тажната вест ја објави факултетот за туризам:
🖤🎗️ Со длабока тага и неизмерна почит се простуваме од нашата драга професорка и колешка, проф. д-р Симона Мартиноска.
Факултетот за туризам и угостителство – Охрид изгуби почитуван професор, посветен научник и, пред сè, прекрасен човек кој остави неизбришлива трага во нашата академска заедница.
Со своето знаење, професионалност и долгогодишна посветеност на образованието и науката, професорката Мартиноска даде драгоцен придонес во развојот на нашиот Факултет и во образованието на бројни генерации студенти.
Но, покрај нејзините професионални достигнувања, ќе ја паметиме и по човечноста, колегијалноста и добрината со кои ги збогатуваше нашите заеднички години.
Драга професорке, Ви благодариме за сè што ни подаривте – за знаењето, поддршката, заедничките моменти и вредностите што остануваат зад Вас.
Вашето отсуство ќе се чувствува, но Вашиот придонес и споменот за Вас ќе продолжат да живеат меѓу колегите, студентите и сите што имаа чест да Ве познаваат.
На семејството и најблиските им изразуваме искрено и длабоко сочувство.
Вечна Ви слава и благодарност, професорке. Почивајте во мир.
🕯️ Погребот на проф. д-р Симона Мартиноска ќе биде на 7 ноември 2026 година (сабота), во 14:30 часот, на Градските гробишта во Охрид.

