Шок во македонско средно училиште – Ученик носел пиштол

Вчера во 14:40 часот во средно училиште во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, во присуство на родител и училишниот педагог,

лишија од слобода 15-годишен малолетник од Тетово затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол „Зораки 918-Г“ калибар 9 мм и една рамка, информираа од МВР.

Малолетникот бил задржан во полициска станица, за настанот е известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.