Тешка несреќа – жена итно пренесена во болница

На 16.11.2026 околу 17:35 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул. „Илинденска“ во Тетово, патничко возило „сузуки“ со тетовски регистарски ознаки,

управувано од 56-годишен жител на Тетово, удрило во 56-годишна жителка на Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила жената, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Тетово.