Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска изврши исплата на финансиска поддршка за вкупно 3.656 млекопроизводители.
За оваа намена се исплатени 64.927.881 денари, средства кои претставуваат значајна поддршка за земјоделците и сточарите кои се занимаваат со производство на млеко.
Со оваа финансиска исплата се обезбедува дополнителна помош за млекопроизводителите, со цел да се поддржи нивната работа, да се олеснат тековните трошоци и да се поттикне развојот на домашното производство.
Исплатата е дел од мерките за финансиска поддршка на земјоделскиот сектор и подобрување на условите за работа на производителите.

