Тешка сообраќајка – има повредени

61-годишен жител на Куманово е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Скопје-Куманово, во близина на селото Романовце, откако во него удрил автомобил „цитроен“, кој потоа се судрил и со неговото возило запрено покрај патот.

Несреќата се случила вчера, во 10:15 часот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, автомобилот „цитроен“, со кумановски регистарски ознаки, го управувал 44-годишниот П.Т. од Куманово.

Претходно, 61-годишниот Н.М. го запрел својот „фолксваген пасат“, исто така со кумановски регистарски ознаки, поради дефект. Во моментот на несреќата, во него удрил „цитроенот“, при што бил удрен и возачот, а потоа и неговото возило.

61-годишникот се здобил со тешки телесни повреди, додека 44-годишниот возач на „цитроенот“ бил полесно повреден. Двајцата биле пренесени во Општата болница во Куманово, каде што им биле констатирани повредите.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Куманово.