Вечерва трупа снег на овие патни правци

Снежни врнежи се регистрирани на планинскиот превој Стража, а снег падна и во Крушево, каде временските услови донесоа зимска атмосфера.

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива по влажни коловози, а во западните делови од земјата, на некои повисоки места, има и мали остатоци од кашест снег на патиштата.

Од ЈП „Македонијапат“ информираат дека состојбата е санирана по интервенцијата на дежурните екипи, но на одредени делници сè уште има остатоци од снег. Во останатите делови од државата коловозите се наместа влажни.

Врнежите се забележани во западниот дел од земјава, каде температурите се пониски, особено во повисоките предели.