Тажната вест ја споделија од ООУ„Гоце Делчев“-Центар, Скопје:
Последен поздрав до нашата драга колешка и наставничка по Математика, Ирена Цветковска Ѓорѓеска.
Со длабока тага и неверување ја примивме веста за прераната смрт на нашата почитувана колешка, пријателка и долгогодишен наставник по Математика, Ирена Цветковска Ѓорѓеска.
Нашето училиште, ООУ „Гоце Делчев“ – Центар, загуби исклучителен педагог, посветен професионалец и човек со големо срце. Со својата посветеност, трпение и љубов кон
науката, таа со години им ја доближуваше математиката на генерации ученици. За неа бројките и формулите никогаш не беа само сувопарни правила на таблата, туку начин да
ги научи децата да размислуваат, да истражуваат и да веруваат во сопствените можности.
Во колективот ќе остане запаметена по нејзината добрина, колегијалност, искрена насмевка и подготвеност секогаш да подаде рака и да помогне. Нејзиното отсуство остава
голема празнина во нашите училници, во наставничката канцеларија и во нашите срца.

