Трупа снег во делови од регионот

Снег утрово паѓа во Загреб. Тревните површини во градските населби веќе се забелеани, а снегулки утрово се спуштаа и на главниот загрепски плоштад.

Фотографиите од снежните врнежи во хрватската престолнина покажуваат дека зимските услови пристигнаа и во центарот на градот.

Снег наврна и на Сљеме.

Според податоците на Хрватскиот метеоролошки и хидролошки завод (DHMZ), таму се измерени четири сантиметри нов снег.