Вечерва превртено возило на овој патен правец

Превртено возило на патот Стража – Гостивар, снегот создава проблеми во западниот дел од земјата

Сообраќајна незгода е регистрирана на патниот правец Стража – Гостивар, каде возило е превртено на коловозот.

Во западните делови на Македонија во текот на вечерта врне снег, поради што условите за возење се отежнати, особено на планинските превои.

Поради снежните врнежи, воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на планинскиот превој Стража.

На возачите им се препорачува внимателно возење, прилагодување на брзината кон условите на патот и задолжително користење зимска опрема.