После полноќ на 05.10.2022 во 00.15 часот во Полициската станица Аеродром, лицето Г.С.(46) од Скопје пријавил дека на 04.10.2022 околу 23.50 часот на ул.„Лисец”,
додека управувал патничко возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, во кое било уште едно лице, патничко возило „шкода октавија”, со скопски регистарски ознаки ознаки, во кое било лице кое претходно му се заканувало, удрило во неговото возило и го оштетило.
Според пријавеното, набргу од другата страна се појавило и друго возило „фолксваген туарег”, а кога се обидел да избега слушнал истрели од огн ено оpyжје кои му го оштетиле возилото.
Еден час подоцна, пак, Ф.А. пријавил дека на улица Лисец”, додека неговиот брат И.Ј. управувал автомобил „шкода октавија” со огнено оружје било оштетено возилото.
Се преземаат сите можни мерки за расчистување на случајот.
Слична содржина
Се степале за ред, употребиле оcтри и тврди предмети, па двајцата се пријавиле во полиција!
На 30.09.2022 во 18:11 часот во СВР Скопје, Д. Ј. (22) од Скопје, пријавил дека околу 17:45 часот во приватна здравствена установа на подрачје на Чаир по претходна расправија околу ред за влегување,
бил физички нападнат од Љ.Ч., кој употребил и остар предмет.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 01.10.2022 во 01.10 часот во Полициска станица Бит Пазар Љ.Ч.(26) од Скопје пријавил дека на 30.09.2022 околу 18.00 часот во здравствена установа на подрачје на Чаир по претходна расправија бил физички нападнат со тврд предмет од едно лице.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.