Официјално: Шекеринска во нова улога се врати во политиката!

На конгресот на Партијата на европски социјалисти (ПЕС) Радмила Шекеринска, истакнат член на СДСМ, е избрана за потпретседателка на ПЕС.

Ми претставува огромна чест да ве информирам дека на Когресот во Берлин ме избраа за потпретседател на Партијата на европски социјалисти (ПЕС).

Честа е дотолку поголема што ова е прв пат ПЕС да избере на таа позиција личност која доаѓа од земја која не е членка на Европската унија.

Благодарност до новиот претседател Стефан Лвен, кој го даде предлогот и до сите мои колеги кои го поддржаа.

Лани во декември тогашната министерката за одбрана Радмила Шекеринска се повлече од Владата поради несогласување со дел од политиките во СДСМ.

Таа денеска сооопшти дека се повлекува од министерската позиција поради принципиелни причини и нема да учествува во составувањето на новиот владин кабинет со кој, по повлекувањето на Зоран Заев, ќе управува новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде