Македонскиот државјанин Д.Л. (21), кој вечерва во 19 часот и 40 минути беше ранет во грбот на аголот од улиците Цар Николај Втори и Максим Горки, најверојатно е случајна жртва на пукање, информира informer.rs.
Во престрелката најпрвин во натколеницата е ранет А.П.(26), а потоа со два куршуми е ранет македонскиот државјанин Д.Л. Истрагата треба да утврди дали македонскиот државјанин е случајно ранет.
– Ранетиот Д.Л., бил донесен од негов пријател на влез во соседната улица Новопазарска. Таму го сокрил и повикал полиција и брза помош.
Тој со ранетиот другар се движел од Његошева кон улицата Максим Горки, кога пред позната обложувалница дошло до пукање. Кога некако го донел ранетиот пријател до влезот, тој се фатил за глава – пишува informer.rs.
Брзата помош и полицијата набрзо пристигнале, а кога ранетиот македонски државјанин бил внесен во возилото, на грбот биле видливи две крвави рани од куршуми.
Повредениот А.П е со криминално, каде има дури 12 кривични пријави за дрога, оружје и разбојништво. За него е распишана потерница за издржување затворска казна.
Се трага по напаѓачот. Има околу 20-21 година, висок 170 сантиметри и носи сив дуксер и фармерки. По пукањето побегнал кон Чубурски парк.
Двајцата ранети млади момчиња се пренесени во болница и според првичните информации нивните животи не се во животна опасност.